Изнаоѓање на одредени сообраќајни решенија за непречено користење на улиците во Берово, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните беше главната тема на разговор на денешниот работен состанок кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го имаше со градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски и претседателот на Советот Јован Матеничарски. Спасовски рече, дека Берово е град со мирна и стабилна безбедоносна состојба, стапката на криминалитет е во опаѓање, има зголемување на ефикасноста на полицијата и тоа треба да продолжи како тренд понатаму се со цел граѓаните да бидат сигурни и безбедни. - Концептот е низ заеднички разговори со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи и граѓаните, посебно за важни прашања во делот на сообраќајот, граѓаните на општина Берово да ја прифатат пораката за градење на врската меѓу заедницата и македонската полиција, затоа што работејќи заеднички со граѓаните се гарантира поголема безбедност и на Берово и на Република Македонија, порача министерот Спасовски. Според градоначалникот Пекевски, благодарение на професионалното работење на полицијата во Берово, градот е меѓу градовите во Македонија со најниска стапка на било каков вид криминал.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 17:27