Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска имаше средба со членовите на делегацијата на Европскиот парламент, предводена од хрватскиот европратеник Тонино Пицула, кои престојуваат во Косово за да се запознаат со напредокот во исполнување на обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што објави косовскиот премиер на Фејсбук, на средбата биле разгледани резултатите од исполнувањето на задачите од првата фаза од Агендата за европски реформи и за подготовките за втората фаза.

Харадинај ја искористи можноста да му се заблагодари на Европарламнетот за изгласувањето на одлуката, минатата недела, за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово.

- Прогресот на Косово е евидентен во јакнењето на владеењето на правото, демократизацијата на нашето општество, како и во државните реформи. Евроатлантскиот пат на Косово е неповратен и Владата посветено работи на забрзување на европската агенда. Во рамки на средбата, од името на народот на Косово, се заблагодарив на европратениците за гласот за визна либерализација за нашите граѓани, објави Харадинај.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 17:37