Екипи на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ја почнаа тридневната акција за чистење во општина Бутел.

Во рамки на акцијата ќе се чистат улиците и тротоарите, ќе се коси тревата на јавните површини, ќе се кастрат сувите гранки од дрвјата...

Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски изрази задоволство од стартот на оваа акција. Договорено е со директорите на јавните претпријатие да се среди просторот долж улицата „Цетинска“ кај старите напуштени отпади.


Почна тридневната акција за чистење во општина Бутел

Од ЈП „Паркови и зеленило“ донесена е огромна корпа за хортикултурно уредување на зеленилото кај кружниот тек. Поради топлото време ќе се почека со садењето на зимските цвеќиња на кои им се потребни пониски температури.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 00:28