Овластен градежен инспектор на општина Центар со полициска придружба денеска затвори нелегално градилиште во населбата Кале, откако во текот на вчерашниот ден донесе решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови, оградни ѕидови, помошни објекти и доградба.
- На инвеститорот на градбата од страна на општината му беше наложено веднаш да престане со градење и да ги отстрани дивоградбите. Откако тој не го стори истото, овластениот градежен инспектор го затвори градилиштето, се наведува во соопштението од општина Центар.
Инвеститорот гради огромна градба без никаква документација и на незаконски начин, со што зафаќа дел и од строго заштитената зона за градење, односно тврдината Кале.