Во подрачната единица на Шумското стопанство ,„Кожуф“ во Гевгелија со доза на резерва изразија задоволство од интересот на физичките лица за добивање дозволи за собирање шумски плодови, од причина што годинава дозвола побарале 88 лица.
- Сепак, поради временските услови, но и поради намалување на откупните цени на некои шумски плодови, пред се на боровинките чија што берба е во тек, бројот на издадените дозволи е далеку под бројката од 500 дозволи кои се издавале изминативе години по цена од 400 денари, велат шумските работници.
Задолжителното регистрирање на собирачите на шумски плодови како и на фирмите откупувачи, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ го воведе во април 2013 година откако македонските планини ги сардисаа берачи кои нестручно и стихијно береле лековити билки.