Фудбалерот на Сасуоло, Федерико Ди Франческо негираше категорично дека го испровоцирал Даглас Коста, упатувајќи расистички зборови на негова адреса.
Средбата меѓу тимот на Ди Франческо и Јувентус ќе биде запаметена по грдата манифестација од страна на Коста, кој го плукна својот противник во лицето. Ден по инцидентот, Бразилецот изјави дека бил навреден од Франческо на расистичка основа.
Синот на тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо ја сподели својата позиција преку официјалниот Твитер профил на Сасуоло.
- Длабоко сум загрижен поради измислените тврдења кои се појавија во некои медиуми. Сето ова е навредливо и клеветнички. Нема да дозволам да ми бидат припишувани дејствија или расистички зборови, кои не се дел од моите човечки вредности и се плод на фантазија. Сакам и барам почит, се вели во пораката од крилото на Сасуоло.