Министерот за инфраструктура на Косово Паљ Лекај вели дека користењето на автопатите во земјата можно е да почне да се наплаќа во текот на идната година, но дека во Министерството во тек е изработката на физибилити студија за тоа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лекај најави дека цените на патарината „ќе бидат разумни“ и нема да го оптоварат џебот на граѓаните, додека за патарината во Албанија, која деновиве почна да се наплаќа на „Патот на нацијата“, кој води од границата со Косово до внатрешноста на земјата, рече дека е превисока. Патничките возила за користење на овој автопат плаќаат 660 леки, или 5,20 евра.

Патарина во Косово ќе се воведе на двата автопати, оној „Арбен Џафери“, кој води од Приштина до границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ и чија изградба се очекува да заврши до крајот на годинава, и на „Ибрахим Ругова“, кој го поврзува косовскиот главен град со Албанија, односно со граничниот премин Морина.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2018 12:27