Воздухопловните сили на Романија и Бугарија денеска одржаа координирани вежби, насловени „Син мост 2018“, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Бугарскиот „Миг-29“ успешно ја заврши вежбата на пресретнување на романскиот „Миг-21“, јави БТА.

Вежбата имала за цел пилотите да ги стави во ситуација кога во воздушниот простор ќе се појави авион без дозвола за лет.

Националните центри за надгледување на воздушниот сообраќај, исто така, спроведоа вежба за размена на контролите за летање, наведе БТА.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2018 12:31