Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, на Форумот „Безбедоносни предизвици на Западен Балкан и Србија“ изјави дека решение за косовското прашање не е на маса и дека до него треба трпеливо да се дојде.
- Идејата за разграничување е опција која претседателот Александар Вучиќ јавно ја истакна и таа допрва треба да биде предмет на разговори, бидејќи објективно, разговорите не се придвижени во смисла на конкретизација, туку се изнесуваат идеи и опции, рече Дачиќ.
- Не треба да се споменува Пандорината кутија, која е отворена со признавањето на Косово и овој аргумент сега не држи вода, истакна Дачиќ.
- Со можниот договор нема да се отвори Пандорината кутија, бидејќи таквиот предлог ќе биде поддржан од Србите, Албанците и од меѓународната заедница. Ние сакаме да се свртиме кон позитивната агенда и да ги елиминираме безбедносните проблеми во регионот, да се прекинат конфликтите и да отвориме нова страница во нашите односи, истакна Дачиќ.
- Србија е заинтересирана за стабилноста во регионот и ја поттикнува соработката, која напредува, но од неколку причини таа оди и неколку чекори наназад, рече Дачиќ.
- Србија има вложено многу напор во Бриселскиот договор и доследно го применува, бидејќи во него гледа механизам за институционална заштита на српската заедница, но дури и по пет годин, ЗСО не е формирана, вели шефот на српската дипломатија.
Тој дополни дека Србија е подготвена со албанската страна да бара компромисно решение, но погрешниот пристап е даден од земјите кои ја признаа еднострано прогласената независност.
- Сакаме договор и јас сум сигурен дека ако Белград и Приштина постигнат решение, нема да има пречки и мислам дека никој нема да се спротивстави на договорот, рече Дачиќ.
- Многу се плашам дали Приштина е во можност да постигне договор или сака да ги земе и северот на Косово и Прешево, Медвеѓа и Бујановац, истакна тој, потврдувајќи дека се уште се многу далеку од детали, но важна е идејата да се разговара.
Додека се разговара се прекинуваат војни, а неопходно е да се бараат пред се одржливи решенија, не ни требаат предлози кои не се одржливи, предочи Дачиќ.
- Членството во ЕУ е наша стратешка цел, но брзината не ги одразува напорите на Србија, рече Дачиќ, и најави дека Србија ќе биде најголем заговорник на европските интеграции кои се најдобра гаранција за трајна регионална стабилност.