Секторот за односи со јавност на општина Битола информира дека Градежниот Институт Македонија-ГИМ, избрана консултантска фирма, го доставиле прелиминарниот извештај за физибилити оценка на предложените технологии за избор и изведба на пречистителна станица на Пелистер.
Изборот на ГИМ е извршен од страна на УНДП кои доделија грант на локалната самоуправа за реализација на овој капитален проект.
- Според проектот, предвидена е изградба на пречистителна станица која ќе собира дел од отпадните води од Националниот парк Пелистер. Од страна на консултантската фирма, дадена е и препорака за изведба на пречистителната станица, која ќе биде сместена кај потпелистерското село Трново и ќе ги собира отпадните води од објектите и населението места во потпелистерието, се посочува во соопштението од општина Битола од каде додаваат дека по завршување на процедурата за избор на технологија за изведба на пречистителната станица, општината ќе почне со изработка на основен проект за пречистителната станица на Пелистер.