Државниот секретар од Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, од 17-19 септември учествува на конференција „Разбирање на ризиците Балканот“. Конференцијата е организирана од страна на Светска банка и Владата на Република Србија, со финансиска контрибуција на Европсата Унија и Глобалниот Фонд за намалување на ризиците за настанување на катастрофи.
Конференцијата ја следат преку 300 учесници од балканските земји и од ЕУ. Од Македонија учествуваат и претставници од Министерството за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и пртеставници од приватниот сектор. Темите на Конференцијата се во насока на информирање за најновите технологии за рано откривање на ризиците за настанување на катастрофи и за проценка и справување по нивно настанување; регионална соработка; вклучување на локалните заедници во превенција и санирање на штети од катастрофи; економски инструменти и производи за осигурување од штети; вградување на аспектите на климатските промени во планирањето, изведбата и одржувањето на патната инфраструктура итн. Особено е важно да се разменат информации за подготвеноста на државите за превенција и справување со катастрофи, како и можните заеднички активности.