Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и верски групи на Македонија, Даријан Сотировски денеска ја посети гостиварската муфтинија.
На средбата со муфтијата Шаќир Фетаху разговарале за соживотот во Гостивар за кој и двајцата дадоа оценка дека е пример за хармонија меѓу граѓаните и тој треба да се користи низ целата земја.
- Гостиварското муфтиство е важен за верската сфера на Република Македонија. Гостивар е пример за соработка во нашата земја. Ако можеме да се пофалиме со нешто пред другите, тогаш тоа e меѓурелигиозниот соживот и можеме да ги искористиме овие атрибути и да се прикажеме како една постабилна, посигурна и попросперитетна држава, рече Даријан Сотировски директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија, по средбата.
За гостиварскиот муфтија, посетата е од голема важност, бидејќи комисијата има важна улога во зачувување на меѓурелигиските односи во нашата земја.
Фетаху го информирал директорот за состојбите во муфитинијата, процесите за денационализација и активностите на верниците и како што рече очекува ваквите посети да станат почести.