Советот на млади и членовите на младинскиот клуб при Црвен крст вечерва дебатираа за идните начини на соработка, која треба да придонесе за конкретни активности во насока на подобрување на квалитетот на живот на младите од Делчево. Како што истакна волонтерот Иван Стоиловски во рамки на состанокот младите се запознаа и со работата на Црвен крст. - На вечерашниот состанок сме собрани младите од Црвен крст при општина Делчево и членовите на Советот на млади при општината. Се надеваме дека ќе се спријателиме и дека понатаму ќе имаме добра соработка за да реализираме неколку проекти кои ќе влијаат за подобрување на квалитетот на живот на младите од општина Делчево, рече Стоиловски. Никола Тренчевски, претседател на Советот на млади при општина Делчево информираше дека заедно со младите при Црвениот Крст во наредниот период активно ќе се работи на подготвување на проектите за наредната година. - Ветуваме соработка со сите институции со сите оргнаизации, со граѓанскиот сектор со цел суштински да придонесеме за подобрување на животот на младите од нашата општина со кои ќе се фокусираме на прибирање на приоритетни идеи кои ќе бидат дел од програмата што во наредната година ќе биде имплементирана од страна на Советот на млади при општина Делчево, информираше Тренчевски. Согласно законот, Советот на млади најдоцна до 30 ноември 2018 до Советот на општина Делчево треба да достави програма за работа за следната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2018 21:01