На влезот во зградата со терминали на аеродромот во Подгорица денеска беше активиран бибер спреј, што не влијаеше на редовното одвивање на авионскиот сообраќај, соопштија аеродромските власти.

Поради активирањето на спрејот, патниците биле пренасочени кон другите делови на заградата, во која воздухот бил прочистен преку системот за климатизација.

Ниту едно лице не се пожалило на задравствени проблеми поради спрејот, а состојбата набрзо била нормализирана.

Засега не е познато кој го активирал спрејот и кои биле неговите мотиви.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 01:11