Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро преку социјалните мрежи остро реагираше на исклучувањето на нејзиниот брат синоќа на дуелот со Валенсија.

Роналдо на првиот меч за Јувентус во Лигата на шампионите во 29. минута доби црвен картон поради неспортско однесување.

Одлуката на германскиот судија Брих предизвика многу реакции, а помладата од двете сестри на Роналдо напиша заканувачки зборови.

- Ова е срам за фудбалот. Сакаат да го уништат мојот брат, но Бог никогаш не спие. Ќе платат голема цена за овие солзи. Тие сакаат да го спуштат на земја, но нема да успеат, напиша Авеиро.

Следните денови УЕФА ќе се произнесе за евентуална суспензија на Португалецот поради директниот црвен картон.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 11:25