Спортскиот директор на Рома, Мончи вели дека е загрижен од лошиот старт во сезоната, но очекува подобри резултати на следните натпревари.

Рома синоќа загуби од Реал во Мадрид со убедливи 3:0, а не и тргна најдобро ниту во Серија А каде има само една победа на четири средби.

- Во тешка ситуација сме но има излез. Со напорна работа ќе го пребродиме овој период. Секогаш се случуваат вакви падови. И мината сезона се мачевме во еден период. Убеден сум дека тренерот ќе ги мотивира играчите и тимот ќе се издигне, изјави Мончи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 12:57