Околу седумстотини трговци од цела Македонија изразија интерес да закупат простор и постават тезга на „Неготински панаѓур”, тридневната стопанско-туристичка манифестација која започнува утре и ќе трае до недела.

- На тезгите ќе биде понудена за продажба најразлична трговска стока. Текстил, железарија, пластика, играчки за деца, прехранбени и производи за во домаќинство и слично, вели за МИА Ивица Златковиќ, секретар во општина Неготино.

Синоќа се одржа музичка вечер во старата неготинска чаршија, со бројни гости од земјава и странство. Денеска е традиционалната „Манастирска вечер”. Панаѓурот во Неготино е со најдолга традиција во Македонија, редовно се одржува повеќе од пет децении и привлекува голем број на посетители.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 18:39