Вкупно 57 возачи се исклучени од сообраќај затоа што се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, други тројца поради управување возило под дејство на алкохол, а други 12 без сообраќајна дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека по преземените мерки и активности вчера на подрачјето на град Скопје од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила. Пајакот подигнал 59 возила.

Во текот на вчерашниот ден се случиле и вкупно девет сообраќајки, при што е причинета материјална штета во три, а со лесни телесни повреди се здобиле осум лица.

СВР СКопје информира дека се преземени мерки и за 21 пешак, кои кои поминале коловоз вон пешачки премин 21 и за шест други кои поминале коловоз на црвено светло.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 11:09