Пријавување за учество на 15. Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 5 мај 2019. е отворено од денеска и ќе се одвива во неколку фази.
Пријавените во првите три дена, денес, утре и задутре, ќе можат да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.
- Четиринаесеттиот Виз Ер Скопски маратон беше еден од најмасовните спортски настани во Македонија и имајќи ја предвид ангажираноста и пожртвуваноста на организаторите се очекува 15-от да е уште поголем и подобар. Според нив успехот се должи на сите учесници и поддржувачи кои го прават Виз Ер Скопскиот маратон тоа што е, празник на спортот и здравиот начин на живеење, соопшти тимот на Виз Ер Скопски маратон.