Со велосипедско дефиле денеска во Струмица беше одбележан Меѓународниот ден без автомобили.
Во дефилото учествуваа стотина велосипедести, а манифестацијата ја отвори Јосиф Христов, член на Советот на општина Струмица.
- Јас се надевам, дека ќе ја подигнеме свеста кај сите граѓани за промена на секојдневните навики за да можеме еден ден да се пофалиме дека Струмица е позитивен пример и на тоа поле, нагласи Христов, изразувајќи уверување дека секоја преземена акција за намалување на последиците од климатските промени ќе ги даде посакуваните резултати.
Денот традиционално се одбележува во рамките на Европската недела на мобилност, што трае од 16 до 22 септември, а годинава се одржува под мотото „Комбинирај и движи се“.