Вкупно 25 крвни единици се собрани на денешната крводарителска акција што ја организираше општинската организација на Црвен крст - Струга по повод верскиот празник Рожденство на Пресвета Богородица.

Акцијата, што традиционално секоја година се реализира на овој празник се одржа во хотелот Бисер во непосредна близина на манастирскиот комплекс во Калишта, а покрај волонтерите на Црвениот крст присуствуваше и медицинска екипа од Заводот за нефрологија.

Секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути во изјава за МИА акцијата ја оцени како успешна издвојувајќи ја приказната на редовен крводарител и неговата ќерка која тргнува по стапките на хуманоста.

- Традицијата продолжува и хуманите луѓе повторно се тука. Овие 25 крвни единици ќе спасат нечии живот. Дарувањето има само една цел спасувате нечиј живот. Дарувајте крв, порача Даути.

Ова е 16 крводарителска акција годинава, а Црвен крст – Струга организира просечно по две акции месечно на кои се собираат по околу 100 крвни единици.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 18:51