Во организација на општина Штип и Општинската Организација на Сојузот на борците денеска свечено беше одбележан Меѓународниот ден на мирот во паркот К’ртеќе, во месноста Суитлак.

Секретарот на ОО на Сојузот на Борци во Штип, Петар Мицевски во своето обраќање истакна дека со резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 септември е прогласен за Меѓународен ден на мирот, а Резулуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН секоја година на 21 септември редовно да го одбележуваат.

- Темата за 2018 година е: „Правото на мир – Универзална декларација за човекови права на 70“ која ја одбележува 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.Универзалната декларација за човекови права е важен документ во историјата на човековите права, вели Мицевски.

На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, членови и продолжувачи на делото на Сојузот на борците, припадници на АРМ, претставници на политички партии, невладини организации, граѓански здруженија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 19:35