Градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски најави дека по речиси 10 години, ќе воведе ред во хаосот во урбаните и месните заедници во оваа општина.

- На 23 септевмри, во недела, во сите месни заедници од 17 до 20 часот, ќе се спроведат избори на членови на советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Гази Баба. Со тајно гласање, ќе бидат избрани оние кои ќе треба да бидат линкот помеѓу граѓаните и општината, нишка која ја изгуби својата вредност во овие години наназад и наместо потребите на жителите, пред се беа ставани партиските потреби, но и манипулации, рече тој.

Додаде дека е редно време и месните и урбаните заедници да почнат да работат со целиот свој капацитет.

- Месните заедници повторно ги ставаме во функција за да граѓаните можат своите предлози, иницијативи, барања и критики, да ги достават до мене, со што општината ќе ја направиме транспарентен сервис на граѓаните, речењ Георгиевски и додаде дека на овој начин заедно создаваме општина отворена и услужна за сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 20:25