Романската Социјал-демократска партија ПСД му изгласа доверба на својот лидер Ливиу Драгнеа. На седница на Националниот извршен комитет на партијата, 55 члена гласаа за Драгнеа да остане лидер, додека само осуммина биле против.

Драгнеа добил поддршка од премиерката Виорица Данчила, што било пресудно за неговото останување на чело на партијата. Драгнеа беше двапати осуден за корупција, поради што не може самиот да ја преземе премиерската функција. Обидите на социјал-демократите да ги ублажат законите за злоупотреба на службената положба, за кои се смета дека се носат со цел да му се помогне на Драгнеа, предизвикаа масовни протести во Романија, а протести предизвика и разрешувањето на специјалната обвинителка Лаура Ковеши



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 03:16