Индекс - Загреб

Идиоти. Идиоти насекаде околу нас. Се според Крлежа: „Кога во балканска меана ќе се изгаснат светлата, тогаш светкаат ножеви“.

Прво оној избричен четник Вучиќ во Косовска Митровица: „Пред речиси 30 години недалеку од тука, стотици илјади луѓе, а Слободан Милошевиќ тогаш беше доволно голем да ги собере во тој број, на Газиместан, го дочекаа крајот на неговиот говор, познат или непознат, зависи од тоа кој и како го толкува, се сеќавате ли како? Пееја. И тоа во хор сите тие стотици илјади, пееја со вера и уверување, пееја занесени и понесени онаа познатата ’кој тоа вели, кој тоа вели, Србија е мала’“.

Војната во Југославија почна на Газиместан.

Страшно. Војната во поранешна Југославија почна токму таму, на Газиместан, со тој говор на Слободан Милошевиќ. Се останато беше последица. Резултатите се ужасни, во југословенските војни според Меѓународниот центар за транзициска правда, загинаа околу 140 ијлади луѓе, а околу четири милиони станаа бегалци.

Сите тие војни се последица на политиката на Слбоодан Милошевиќ. Без него и без налудничавата големосрпска политика најверојатно би дошло до мирна разделба на југословенските републики, а на Србија дури ќе и останеше и Косово.

Говорот на Вучиќ зборува за причините на тие војни, тоа не беше никакво зачувување на „српските огништа“, туку борба за територија затоа што песната која сега Вучиќ ја спомнува вели: „Кој тоа вели, кој тоа вели, Србија е мала“. Борбата не беше за Србите, туку за Голема Србија.

Знаеме и сами - бунтот во Хрватска почна на 17 август 1990 кога Хрватска не можеше никого да загрози, а на сила се уште беше стариот Устав на Социјалистичка Република Хрватска. Се сеќавам на разговорот со еден загребски Србин уште во летото 1991. Ми рече: „Гледаш ова нема никаква врска со заштита на нас Србите, затоа што еве овде во Загреб не има повеќе отколку во Книн. Нас Милошевиќ не отпиша. Ние Србите во Загреб од тој бунт можеме да имаме само проблеми“.

Милошевиќ беше балкански Хитлер

Слободан Милошевиќ беше балкански Хитлер. Како што Хитлер ги напаѓаше другите држави сакајќи да создаде Трет Рајх, сакајќи да оствари свој Лебенсраум, така Милошевиќ сакаше да го оствари сонот за Голема Србија, кој и за него значеше опстанок.

Сакајќи да го оствари тој шизофрен сон не се воздржуваше од ништо, а најмалку од уништување на сопствениот народ - доста е да се видат гробовите на луѓето загинати во опсадата на Сараево. Таму има босански, хрватски и српски презимиња, луѓето се убивани заедно, како што и живееа во тој космополитски град кој беше под опсада 44 месеци, една од најтешките и најдолгите во современата историја.

А и вуковарските бранители ќе се сетат на своите српски соборци - не беше тоа никаква „меѓунационална“ војна, туку агресија врз други држави.

Вучиќ покажува дека е обичен воен хушкач

А токму таму над Сараево, безнадежно сместен во котлина која е лесно да се надгледува, Вучиќ кој денес вели дека „не сака пушки“ се покажуваше пред камера со калашников во рацете. Веројатно не пукал, тој е преголема кукавица за тоа. Тој беше воен хушкач на Шешељ и остана воен хушкач на Шешељ.

Да се слави денес Слобо на Газиместан е одприлика како во Германија да се слават нацистичките походи во 30-те години. Србија има право на свој претседател, но хрватската политика има право и должност на Европа да и каже каков е тој човек и да блокира секакво српско доближување до ЕУ додека таму е претседател тој опасен човек Александар Вучиќ.

Ако е во состојба тој би предизвикал нова војна и против БиХ и против Хрватска затоа што во изминатите 30 години своите ставови не ги мрднал ни за милиметар. А тоа се, знаеме, границите на Голема Србија на неговиот политички ментор: Вировитица - Карловац - Карлобаг. Единствено што го спречува е тоа што веќе не се воена сила, а и да се обидат нешто налудничаво, НАТО не би ги гледал мирно.

Вучиќ е опасен, воен хушкач и идиот. Со ваква Србија, Хрватска нема што да држи повеќе од вршител на должност, а Вучиќ трајно треба да биде прогласен за перосна нон грата. Доста ни е од такви идиоти.

Наш проблем - наши идиоти

Она што е дополнителен проблем е тоа што веќе се вклучија и нашите државни идиоти. Одбележана е акцијата Меџачки џеб, легитимна воена акција со која е намалена можноста да се загрози Госпиќ и беше добиена битката за Велебит. Но, таа воена битка која беше одлично изведена (за само неколку часа беа ослободени 225 километри квадратни) е извалкана со злосторства.

Токму поради злосторства во операцијата Меџачки џеб Мирко Норац беше осуден за командна одговорност. Со оглед на тоа што претходно беше осуден и по обвинение за воено злосторство во Госпиќ во 1991, доби збирна казна од 15 години. Тој беше пушен откако отслужи две третини од казната.

Веднаш треба да се каже: Мирко Норац го отслужи своето и е слободен граѓанин. Колку години доби може да биде предмет на правни расправи, но зборуваме за стариот Основен кривичен закон кој беше за половина поблаг од нашите прописи. Пуштен е по две третини од казната, што исто така е дозволено со хрватските прописи.

Мирко Норац има право да се појавува на јавни собири, па и на оваа прослава. Има право да се движи слободно. Ги има и сите останати граѓански права на личност која ја отслужила својата казна.

Но, кога претставник на Владата и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ во службена прилика, за прослава на легитимно воена акција, го поздравува човекот кој е осуден за казнено дело токму во рамките на таа акција, тоа е целосен идиотизам и кратковидост, лудо и штетно однесување на министерот. Кога ваква вест ќе стигне во странски медиуми што ќе помислат таму освен: „Сите Балканци се исти“.

Наместо да го разоткрие Вучиќ, Владата дава материјали за приказни за загрозени Срби

Наместо да го искористи говорот на воениот хушкач Вучиќ и да ја разоткрие неговата политика, хрватската Влада истиот ден му дава гориво, материјал за уште повеќе приказни за загрозени Срби затоа што ете се поздравува човек осуден за командна одгорност токму во акцијата која се слави. Нели е тоа најубавото нешто што Вучиќ можеше да го слушне?

Во 2018 година Србите го слават Милошевиќ (кој најмногу го уништи токму српскиот народ), кај нас министер на службената церемонија за легитимна воена акција го поздравува човекот кој е осуден поради злосторства токму во таа акција - има ли воопшто нормални на Балканот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 13:09