Под мотото „Немаш уште еден живот, научи прва помош“, Црвениот крст на Република Македонија денеска на градскиот плоштад во Кичево го организира 27-от Државен натпревар по прва помош. Домаќин е Општинската организација на Црвениот крст во Кичево. На овој државен натпревар учествуваат 28 младински екипи од општинските организации на Црвениот крст. Натпреварот го отворија претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Ромел Велев и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари. - Секој од нас на некој начин е учесник во собраќајот, но исто така за жал сообраќајните несреќи се на деветтото место како причина за смртноста кај луѓато. Па од тука многу е важно да знаеме да ги примениме техниките за прва помош бидеќи значи многу за спасување на живот. Затоа секој од нас важно е да знае да пружа прва помош, итана Велев кој им посака серќа и успех на учесниците на овој натпревар. Градоначалникот Дехари изрази задоволство што толку многу млади луѓе се волонтери кои ја почитуваат хуманоста. Натпреварувањето на екипите се одвива на градскиот кеј и во дворот на ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево.