Во средното училиште „Миле Јаневски - Џингар“ во Македонска Каменица во тек се градежни активности за поставување украсна заштитна ограда во должина од 90 метри.
Како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, активноста се реализира за овозможување дополнителна безбедност на учениците во кругот на училиштето.
- Со ова ги почнавме градежните активности поврзани со урбаното уредување на просторот од овој дел од централното градско подрачје. Веќе во текот на наредните денови продолжуваат градежните активности околу уредувањето на спортското игралиште пред СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ и поставување стандардизирана „ФИБА“ подлога, информира Стаменкова.
За реализација на оваа активност, како што дополни Стаменкова, е ангажиран стручен тим составен од градежници и соработници од Одделението за урбанизам, со кои деновиве е извршен увид на терен за текот и интензитетот на извршување на градежните активности.