Кредитната рејтинг агенција Муди`с го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора, и во новиот извештај е потврдена оценката на рејтингот Б1, со значителна промена во перспективата, од „стабилна" во „позитивна", пренесува Анадолија.

„Според проценките на аналитичарите од рејтинг агенцијата, клучен двигател за промената на црногорскиот профил на позитивен го карактеризира поволна среднорочна перспектива на економскиот раст на Црна Гора, поддржана од структурните реформи, напредок во преговорите за членство то во ЕУ и значајни инвестициски проекти во секторот на транспортот, туризмот и енергетиката“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии и Владата.

„Владините мерки за консолидација ја подобруват фискалната позиција на Црна Гора, а ефективните мерки на Владата во областа на управување со го намалуваат ризикот на среднорочно рефинансирање во Црна Гора“, се наведува во соопштението.

Очекувањата на аналитичарите од Муди`с, како што е соопштено, се дека црногорската економија ќе го оствари потенцијалниот раст од околу 3,5 отсто, а проектот за изградба на автопат се карактеризира како потенцијал за натамошно унапредување на положбата на Црна Гора.

Според извештајот, Црна Гора постигнала значителен напредок во спроведувањето на мерките за фискална консолидација, меѓу кои се повисоки приходи и намалување на трошоците, како и започнатите структурни реформи во пензискиот систем и јавната администрација.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2018 14:17