Граѓани, активисти, млади луѓе, ученици, спортисти, политичари, денеска со учество во манифестацијата „Штафетата на еднаквоста“ со марш, испратија порака дека и лицата со попречености имаат право на соодветни услови за секојдневно функционирање и да се престане со дискриминацијата.
Настанот го организираа здруженијата Ресурсниот центар на родители на децата со посебни потреби „Заедно Можеме“ од Гостивар, „Вера“ од Струмица, и хуманитарката Билјана Беловинова.
Пораки со поддршка по маршот низ гостиварските улици испратија претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари кои во обраќањата напоменаа дека институциите со кои раководат ќе се ангажираат за решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попречености.
Покрај, Општинската организација на Црвениот Крст, спортски клубови, уметници меѓу поддржувачите беа и потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, аналитичарот Алберт Муслиу, претставници на различни политички партии од Гостивар и други личности од јавниот живот.
Фото: Gostivarpress.mk