Тренерот на Интер, Лучијано Спалети беше отстранет од теренот во 94. минута на мечот со Сампдорија, откако дојде до камерата и извикна „гооооол“ прославувајќи го победничкиот погодок на неговиот тим постигнат во самиот финиш.

Тој беше казнет од арбитрите, откако и претходно во текот на мечот линискиот судија имаше замерки за неговото однесување.

Во текот на средбата на Интер му беа поништени два гола по прегледување на видео снимката.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 10:20