Работата на локалната самоуправа и актуелните општествено-политички теми и прашања врзани за референдумот на 30 септември беа во фокусот на разговорите со локалните власти при денешната посета на амасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј на Прилеп.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, средбата беше конструктивна.

- Разговаравме за теми од работата на локалната самоуправа, кои се нашите проблеми и заложби, нашите перспективи и планови во иднина. Разговаравме и за општествено-политичката состојба во која што сега, се наоѓа Република Македонија и за она што треба да направиме во иднина. Упатувам благодарност за посетата на амбасадорката Галовеј, а секако и до Велика Британија за поддршката на Република Македонија за престојниот референдум и остварувањето на нашите заложби како држава да станеме земја членка на ЕУ, рече Јованоски.

Амбасадорката Галовеј смета дека може да се зајакнува соработката.

- Со градоначалникот зборувавме за претстојниот референдум и за неговата успешност, за британско-македонската соработка и за начините на кои можеме да ја зајакнеме соработката, рече Галовеј.

Во рамките на својот престој во Прилеп, британската амбасадорка Галовеј денеска ќе ја посети и мешовитата британско-македонска компанија „Комфи Ангел“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 13:48