Српските здравствени власти соопштија денеска дека засилиле мерки за надгледување на граничните премини по појавата на случаи заболени од т.н. „мајмунски сипаници“ (Monkeypox) во држави од Зпадна Европа.

Во Министерството за здравство е формирана посебна група за следење и контрола на тоа заболување. За таа болест засега не постои вакцина и досега се потврдени случаи во Велика Британија. Со тој вирус се заразени патници кои во таа држава дошле од Нигерија.

Вирусот на човек се пренесува со консумирање месо или контакт. Пренесување од човек на човек е ретко, но не и неможно.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 17:01