Варан, Марсело, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Роналдо од Реал Мадрид, Нголо Канте и Еден Хазард од Челзи, Дани Алвеш и Килиан Мбапе од Челзи, Меси и Де Геа го сочинуваат најдобриот тим за минатата сезона според ФИФА.

Така одлучи светската фудбалска асоцијација, но изборот наиде на лавина коментари кај љубителите на овој спорт како и кај фудбалските стручњаци.

Имено, нелогичноста и негативните коментари за изборот на идеалниот состав се поради тоа што во најдобрите 11 не се најде напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах кој позади себе имаше една од најдобрите сезони.

Покрај ова, фановите останаа и зачудени како може Тибо Куртоа да биде прогласен за најдобар голман минатата сезона, а неговото место да го заземе Давид Де Геа во идеалниот тим според ФИФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 23:53