Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо го известил раководството на клубот дека сака да си замине, пренесе „Мундо Депортиво“. 25-годишниот фудбалер е баран од Јувентус и изрази желба Каталонците да ја слушнат понудата на „бјанконерите“ за него.
Тренерот на „блауграна“, Ханси Флик, е заинтересиран за Араухо, но Уругваецот сепак е решен да си замине. Тој нема да ја прифати понудата на Барселона за нов договор, а неговата желба е што поскоро да биде трансфериран.
Се тврди дека каталонскиот гигант нема да се раздели со Араухо за помалку од 70 милиони евра. Неговиот договор е до летото 2026 година