Еден од челниците на Милан, Златан Ибрахимовиќ истакна дека нема потреба да го убедува својот поранешен соиграч Маркус Рашфорд да премине во клубот.

Како што е познато, левото крило на Манчестер Јунајтед е главната трансфер цел на „росонерите“ овој месец.

-Многу добро го познавам Рашфорд. Играв со него кога беше млад, а сега порасна и направи големи работи со Манчестер Јунајтед. Мислам дека нема потреба да го убедувам бидејќи Милан е меѓу најголемите клубови во светот и сите сакаат да дојдат тука. Не е лесна операција во моментов, но сè уште не сме разговарале со него. Ќе видиме дали ќе го направиме тоа, изјави Ибрахимовиќ пред синоќешното реми 1-1 со Каљари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2025 03:15