Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос ги негираше тврдењата на грчки весник дека неговото Министерство злоупотребило европски средства наменети за подобрување на условите за живот на мигрантите во земјата.

Каменос изјави дека неговото Министерство искористило околу 90 милиони евра од европски фондови, и тоа на транспарентен начин.

Тројца новинари од грчкиот весник „Филелефтерос“ изминатиот викенд беа притворени откако Каменос се пожали дека бил клеветен во статии објавени во весникот за злоупотреба на финансиски средства. Новинарите беа ослободени во неделата, а обвинител одлучил да не поднесе обвиненија против нив.

Грција доби 1,6 милијарди евра од европските фондови за справување со мигрантската криза. Но, условите за живот на околу 20.000 мигранти во камповите на егејските острови се уште се лоши и постојано се цел на критики од страна на невладини организации. Камповите се преполни и хигиената во нив е многу лоша.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 09:16