Вториот канал на албанската државна телевизија РТШ, на денешен ден пред една година, по првпат почна со емитување емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи ги и емисиите на македонски јазик.
Освен информативаната емисија-вести, се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои се промовираат и се афирмираат културата, обичаите, традицијата и сите останати вредности на малцинствата.
- Ми преставуваше голема чест што јас ги презентирав првите кратки вести на македонски јазик. Тоа чувство кога се обраќате на мајчин јазик е преубаво, не може да се опише. Сакам да истакнам голема благодарност до екипата, која учествуваше на самиот почеток, без умор и доброволно работење - Естела Ѓурѓај и Теодора Танас. Голема благодарност и до Маријана Костоски и Илче Костовски кои продолжија онаму каде што ние застанавме, и се уште без умор продолжуваат да ги подготвуваат и читаат вестите на македонски, изјави за МИА Нико Китани, кој се надева дека времетраењето на блокот на македонски јазик ќе се зголеми.
Китани, изкажувa голема благодарност и до Македонците од Канада и Австралија кои на почеток им дале голема помош.
Емисијата на македонски јазик се емитува секој ден, од понеделник до петок, од 20:30 – 21:00 часот. Од полчасовниот термин 5 - 7 минути се отстапуваат за емисијата вести, а во останатите минути се емитуваат прилози поврзани со македонската култура, традиција, обичаи.
Китани, кој е член на Комитетот за малцинства при Владата на Република Албанија, во 2014 година, ја упати првата Новогодишна честитка на македонски јазик на државната радио телевизија, РТШ.