Отсекот за превенција при СВР-Струмица во рамки на Акциониот план на МВР за спроведување на проектот „Полицијата и граѓаните заедно“, во кој е предвиден и проектот „Вози мотор, но биди безбеден“ вчера беше реализирана превентивна активност во СОУ „Никола Карев“ во Струмица.

Активноста беше спроведена во партнерство со мото клуб „Tzar Tower Ride “ Струмица во училиштето каде пред околу 150 родители на ученици од 1-ва година, спроведени се едукативни предавања во рамки на проактивниот пристап на работа на полицијата за безбедно учество на велосипедистите, мопедите и мотоциклите во сообраќајот на пат.

Од страна на припадниците од мото клубот, соопшти денеска МВР, демонстрирано е како треба да изгледа и која е потребната заштитна опрема која треба да ја носи секој што управува велосипед на мотор и мотор. Во тимот на мото клубот беше и сопственик на Авто Школа кој поблиску ги запозна родителите со постапката за добивање на АМ категорија наменета за учесници во сообраќајот со навршени 16 години, како и со останатите категории А, А1 и А2. Во групата, стои во соопштението, имаше и вработен во технички преглед кој се осврна на факторот технички исправен мотор, мотоцикл, велосипед со мотор и веспа како еден од можните причинители за сообраќајна незгода доколку моторното возило е технички неисправно.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 13:55