Во полициска акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, синоќа во периодот од 22.00 часот до 01.00 часот по полноќ биле затекнати шест женски лица (три од Република Србија и три македонски државјанки). Српските државјанки (две на возраст од 21 и една 26 години ) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговиње.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 13:58