На автопатот Скопје-Гевгелија, на делницата од Неготино до Гевгелија, во патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблици се пронајдени девет лица мигранти од Иран.
Како што денеска соопшти МВР, полицијата имала сознанија дека две патнички возила „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки превезуваат мигранти.
- Полициски службеници дале знак за запирање на возилата, но тие не застанале. Возилото „опел“ продолжило кон Граничниот премин Богородица и набргу потоа удрило во метален столб. Возачот избегал од местото на настанот, но по преземени мерки и активности во 22.00 часот бил пронајден и лишен од слобода. Се работи за лицето Е.Ј.(25) од Германија, а со место на живеење во с.Орланци, скопско. На местото биле пронајдени девет лица-мигранти од Иран, стои во соопштението. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.