Со изборот на жетварска убавица што ќе се одржи утре во градскиот парк во Кочани, почнува дваесет и седмото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Годинава во конкуренција се 14 девојки на возраст од 15 до 20 години, при што изборот на жетварска убавица ќе го изврши жири комисија од пет члена, од кои четворица се стилисти, а еден е претставник на општина Кочани.

Покрај изборот, ќе се одржи и перформанс во режија на артистката Кристина Атанасова Арсова.

Девојката која ќе биде прогласена за жетварска убавица, ќе го ожнее првиот сноп ориз во рамки на обичајот зажнејување. Со тоа и официјално ќе биде означен почетокот на овогодишната жетва на оризовата култура во Кочанско.

Најавено е дека настанот ќе се одржи во Земјоделскиот институт во Кочани.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 18:49