Општина Крива Паланка во соработка со Агенцијата за млади и спорт се вклучи се вклучи во одбележувањето на „Европската недела на спорт“ која се одржува под мотото #MyWeek #BeActive.

Во спортската сала на основно општинско училиште „Илинден“ денеска се одржаа фудбалски и кошаркарски натпревари на кои учествуваа педесетина ученици, момчиња и девојки од двете основни училиште од Крива Паланка: „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски истакна дека условите и можностите за спортување во Крива Паланка се големи.

- Условите и можностите за спорт во општината се добри, потребна е само желба од страна на младите. Крива Паланка покрај постоечките активности во фудбал, кошарка, пинг-понг, карате веќе ги отвори вратите за тренирање во ракомет, шах, тенис, рече Мицевски.

Александра Дичевска, национален координатор на проектот од Агенција за спорт и млади, ги поздрави учесниците и нивниот голем интерес за спортување, поканувајќи ги на главните настани: Be active night, кој ќе се одржи во спортски центар „Борис Трајковски“ на 29 септември, со почеток од 17 часот, настанот „Масовно искачување на Водно“ во недела, 30 септември, со завршен фестивал на средно Водно.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2018 20:28