Девет женски лица се затекнати во акција на полицијата ноќеска од полноќ до 2:00 часот во угостителски објект во село Желино, тетовско сопственост на 46-годишен жител на ова село.

Како што соопшти МВР, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово при контролата, од деветте женски лица (пејачки и танчерки), три биле од Република Албанија и шест македонски државјанки.

Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години приведени се во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка, а сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициска станица Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 11:56