Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев денеска го посети пунктот за бездомни лица во Момин Поток, при што се запозна со работата на центарот, просториите и здравствената заштита што ја добиваат лицата, а донираше и прехранбени продукти.

Богоев, како што информираат од општина Карпош, разговарал со одговорното лице од Црвениот крст за начинот на кој локалната самоуправа дополнително може да помогне.

Во однос на социјалната компонента, се вели во соопштението, општината разгледува начините за дополнителна поддршка на центарот преку воведување на уште еден работен ден, каде што бездомниците ќе можат да добијат топол оброк.

За мерките кои општина Карпош ги нуди на социјално – загрозените категории на граѓани, говореше и Гордана Зафировска, помошник раководителката на Секторот за јавни дејности и Билјана Костова, член на Советот на општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 17:06