Во општина Чаир се врши асфалтирање на ул. „Добри Даскалов“, која е една од најфреквентните во општината. Улицата, во населбата Топаана, е со должина од 300 метри има две сообраќајни ленти со ширина од 6,5 метри и тротоар со должина од 400 метри и ширина од два метра. Денеска увид на изведување на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, соопштуваат од Општината и додаваат дека подобрувањето на патната инфраструктура преку континуирано асфалтирање, уредување на тротоарите, создавање патеки за велосипед и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација е главен приоритет за подигнување на нивото на сигурноста на граѓаните.