На 1-ви октомври (понеделник) ќе започне со работа првиот македонски веб сајт Setaj.mk, кој ќе биде комплетно посветен како на дневниот така и на ноќниот живот во Скопје.
Веб платформата Setaj.mk ќе им овозможи на читателите да на едноставен начин имаат преглед на сите понуди и настани кои локалите ги нудат.
- Сите ние сме биле во ситуација кога не сме знаеле каде да ја поминеме вечерта со пријателите или пак каде да го испиеме утринското кафе. Токму тоа беше и причината која не наведе да размислуваме и да создадеме Веб Сајт кој ќе им биде од помош на сите скопјани. Се надеваме дека Setaj.mk ќе им биде пријател на сите “шетачи” кој ќе им биде од помош во изборот на нивната следна дестинација – вели Лорен Дениќ, еден од основачите на Шетај.
Секој посетител ќе има можност да провери дали одреден локал има активна промоција на храна и пијалак, дали има музичка програма и во кои денови се настапите, да прегледа фотографии од локалот и од настаните одржани во истиот, да го прегледа менито, да ја види локацијата на локалот... Едноставно сите битни информации за случувањата во сите пабови, кафетерии, барови и ноќни клубови кои се соработници на Setaj.mk ќе бидат достапни за посетителите. Секако не ги забораваме и љубителите на популарните “Afterwork” забави за кои исто така подготвивме категорија – додаде Лорен .
Како што ни споменаа од тимот на Шетај, отворени се за сугестии со цел да се создаде едно “катче” каде што ќе може секој да добие корисна информација и да го испланира своето слободно време со помош на истата:
-Искрено се надеваме дека оваа наша идеја ќе биде топло прифатена од сите генерации, бидејќи според нас вакво нешто ни недостасуваше. Ги повикуваме “шетачите” да не следат на нашите Фејсбук и Инстаграм профили бидејки речиси секој ден ќе објавуваме добитници на вредносни ваучери кои ќе ги доделуваат нашите соработници – истакна Бојан Галевски, дел од тимот на Шетај.