Скопје како и секоја година ја почнува битката со загадувањето. Оваа година, веројатно тоа ќе биде многу порано бидејќи веќе од овој период загадувањето дупло ги надминува границите а мерните станици покажуваат и дупло присуство на канцегорените честички ПМ10. Имајќи во предвид дека грејната сезона и деновите со минусни температури сеуште не се дел од нашето секојдневие, се претпоставува дека Скопјани оваа зима ќе имаат најмногу проблеми со воздухот.

Во моментов, мерните станици распоредени на неколку локации во главниот град покажуваат присуство на поголема количина на канцерогени ПМ 10 честички, па така во воздухот на територија на општина Центар и кај ректорат покажува дека тие се дупло зголемени од максимум дозволените и ја достигнуваат бројката од 104ug/m3.

Од искуството од минатите години знаеме дека на граѓаните им се препорачува при зголемена концентрација на загаден воздух да ги превземат сите неопходни здравствени мерки како би се заштитиле или да не ги напуштаат своите домови поради ризиците за респираторни болести.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 20:13