Во Зоолошката градина во Скопје денеска беше забележан рекорден број посетители кои дојдоа да ги видат двете нови слоници Дуња и Даела.

Според информации од Зоолошката градина, продадени биле над 10.000 влезници. Новина е и ангажирање на волонтери кои ќе внимаваат на посетителите да не ги хранат животните бидејќи тие имаат посебен режим на исхрана.

Слониците доаѓаат од Белгија. Едната е африканска, другата азиска слоница. Новото живеалиште кое е изградено за нив, има отворен и затворен дел и е направено според најсовремени стандарди.

Отворањето е во рамки на настанот „За европска Зоолошка“. За забавата на најмладите посетители настапија членовите на „Златно славејче“ и детската атракција Пет+бенд.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 20:21