Помал шумски пожар денеска избувна во Националниот парк „Галичица“ во непосредна близина на Охрид на потегот меѓу селата Рамне и Велестово.

Според информациите од Територијалнаа противпожарна единица од Охрид, пламенот зафатил нискостеблести растенија, а поради ветерот постоеле услови за негово ширење. Интервенирано е со три противпожарни возила, а на помош биле ангажирани и вработени во Националниот парк, така што пожарот е целосно изгаснат.

Инаку, две возила на противпожарната служба од Охрид во моментов се испратени на интервенција во селото Љубаништа, каде гасат пожар што избувнал во една од викендичките.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 20:33