Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Стража се одвива по една коловозна лента поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.

Како што јави дописникот на МИА, повикувајќи се на првичните информации од СВР Тетово, околу 14:30 часот мотоциклист (25) од гостиварското село Здуње удрил во трактор и починал на самото место.

Во тек е увид на местото на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2018 18:19